Your Basket
0 Items0ден.

Прашања и одговори

1. Зошто половен компјутер од познат бренд?

 

Сите половни компјутери кои ги продаваме се произведени од познати светски брендови како HP, Dell, Compaq, IBM, Fujitsu Siemens, Asus, Acer… Овие фирми со својот квалитет ја добиле довербата на своите клиенти низ целиот свет. Не е случајно што овие фирми доминираат на пазарите во Европската унија и САД.

Брендираните компјутери се произведуваат во голем број, што овозможува да се инвестира во истражување на компатибилноста на компонентите, стабилната работа како и ниското ниво на бучава и доброто ладење.

Компјутерите кои ги продаваме се купувани од Швајцарија од големи компании,  осигурителни куќи, адвокатски фирми и банки. Во овие фирми се држи исклучиво на квалитетот на компјутерската техника и се вложуваат големи напори за нивната превенција и заштита.

Брендирани половни компјутери се со многу прифатлива цена, а можат да го завршат сето она што се бара од еден персонален компјутер. Во исто време се тивки и исклучително стабилни. Размислете потребно ли е да купите компјутер за 16000 денари и повеќе, кога можете и со таков од 5-6000ден. да направите се што ви треба.
 

 2. За кого се наменети половните компјутери?

Компјутерите кои ги нудиме можат да завршат работа насекаде, но најчесто се купуваат за продавници, магацини, канцеларии, производствени цели, компјутер за дома, за образование, за донации и сл.
Мит е дека користената компјутерска опрема се купува само во отсуство на средства. Напротив, голем дел од продаваната од нас техника оди во големи и стабилни компании и организации кои ја одбрале поради квалитетот, а не поради цената.

 

3. Зошто да купите од нашата фирма?

Во нашата фирма има два главни приоритети:

A. Квалитетот на продаваната техника

- Пред продажба, секој компјутер поминува полни тестови. Тоа ја исклучува целосно можноста да купите техника со дефекти. Политиката на компанијата е да се нуди компјутерска опрема со најдобар квалитет. Доказ за тоа е дека во изминатите 12 месеци ни се вратени за поправка само помалку од еден процент од компјутерите кои сме ги продале.
 

Б.  Чесноста кон купувачите

- Никогаш нема да ви понудиме или да ви продадеме компјутер за кој не сме сигурни дека работи совршено. Од нас нема да купите компјутер со нејасно потекло, неквалитетни компоненти overlock-нат процесор, хард диск со лоши сектори итн.
Не сме од типот на фирми за кои продажбата е единствената цел. Целта ни е да бидете задоволни.

 

4. Дали испраќате по карго во други градови во Македонија?

- Да. Испраќаме низ цела Македонија.

 

5. Ќе има ли инсталиран оперативен систем на Microsoft на компјутерот?

Оперативните системи на Microsoft (XP, VISTA, 7, 8, 10) не се бесплатни и инсталација на нејзини нелиценциран копии се казнува со закон. Во фирмата НЕ нудиме пиратски софтвер.

 

6. Кое ви е работното време?

Ново работно време

Понеделник до Петок:
од  10.00 часот до 18.00 часот

Сабота заради состојбата со корона вирусот не работиме.